ВИДЕО: Наполи на чекор од ЛШ, славеше во Фиренца и го прескокна Јувентус

Лоренцо Инсиње уште до крајот на оваа сезона ќе игра за Наполи/Фото: EPA-EFE/CLAUDIO GIOVANNINI

Екипата на Наполи славеше со 0:2 на гостувањето кај Фиорентина во рамки на 37 коло во Серија А и се наоѓа на чекор од пласман во Лигата на шампионите и тоа на сметка на Јувентус.
Во првото полувреме немаше голови на „Артемио Франки“ за во вториот дел, гостите од Неапол со два гола да дојдат до големи три бодови кои ги искачија на третото место на табелата.
Прво, Драговски во 56 минута заработи директен црвен картон и го остави домашниот тим со играч помалку и тоа го искористи Наполи кој преку Лоренџо Инсиње и Пјотр Зјлелински постигна два гола за конечен триумф.
Македонскиот репрезентативец Елјиф Еламс остана на клупата за резервни играчи и не доби шанса од тренерот Џенаро Гатузо.


 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот