ВИДЕО: Наполи избегна пораз во Англија, Елмас со минутажа против „лисиците“

Виктор Осимхен стрелец на два гола за Наполи против „лисиците“/Лестер, Англија/16 септември 2021/Фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Во својот прв натпревар од новата сезона во Лига Европа екипата на Наполи ремизираше на гостувањето кај Лестер со резултат 2:2.

Англискиот претставник водеше по првото полувреме со погодокот на Перез уште во деветтата минута после асистенцијата на Барнс. Во 59 минута Дака постигна гол за домаќините, но истиот после ВАР снимката беше поништен поради офсајд.

Пет минути подоцна „лисиците“ успеаја да стигнат и до втор погодок, Барнс одново во центарот на вниманието, овојпат улогата на асистент ја имаше Ихеаначо.

Во истата минута влезе и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас како замена за Зиелински во редовите на „наполитанците“.

Калчолигашот од Неапол не се предаваше и до крајот успеа да го избегне поразот благодарение на двата гола на Осимхен во 69 и 87 минута од средбата на „Кинг Пауер“ стадионот. Во истата група „Ц“ во средата Легија славеше кај Спартак Москва со 0:1.

Следен ривал на играчите на Спалети во ЛЕ ќе биде рускиот тим на Спартак Москва на 30 септември на домашен терен

Во другите мечеви од првото коло во Лига Европа: Брондби – Спарта Прага 0:0, Ајнтрахт Франкфурт – Фенербахче 1:1, Монако – Штурм 1:0, Олимпијакос – Антверп 2:1, ПСВ – Реал Сосиедад 2:2 и Ренџерс – Лион 0:2.

Елмас и Наполи најголеми фаворити според обложувалниците за титулата во Лига Европа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот