ВИДЕО: Наполи и Елмас остануваат перфектни во Серија А

Фудбалерите на Наполи рушат се пред себе во Серија А/ фото: EPA-EFE/CLAUDIO GIOVANNINI

Фудбалерите на Наполи продолжуваат со одличните игри во Серија А и по седум кола се единствена екипа која има максимален учинок, седум победи во седум натпревари.

Последна жртва на Наполи е Фиорентина која е совладана со 1:2 и тоа со пресврт.

Фиорентина поведе во 28. минута со голот на Мартинез Кварта, што беше знак за Наполи да тргне во тотална офанзива.

Таквиот пристап има се исплатеше на гостите бидејќи добија пенал по прекршокот над Осимен. Лоренцо Инсиње не беше прецизен, но одбиената топка дојде до Ирвинг Лозано кој во 39 минута донесе израмнување.

Пресвртот се случи на стартот од второто полувреме, поточно во 50 минута кога Амир Рахмани го искористи центаршутот на Зјелински и со глава го совлада голманот на Фиорентина.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас влезе во игра во 57 минута на местото на Пјотр Зјелински.

Рома со 2:0 го совлада Емполи со головите на капитенот Пелегрини и на Мхитарјан. Со оваа победа, тренерот на Рома, Жозе Мурињо постави нов рекорд во Серија А, Португалецот нема пораз на домашен терен веќе 42 натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот