ВИДЕО: Наполи и Елмас на бод до нокаут фаза во Лига Европа!

epa08702146 Napoli's forward Elif Elmas in action during the Italian Serie A soccer match between SSC Napoli and Genoa CFC at the San Paolo stadium in Naples, Italy, 27 September 2020. EPA-EFE/CESARE ABBATE

Вечерва се комплетираше петтото претпоследно коло во Лига Европа, веќе дознавме голем број на екипи кои ќе бидат дел од 1/16 финалето, а официјално сите учесници ќе бидат познати по завршувањето на групната фаза.

Во групата „Ф“ Наполи одигра реми на гостувањето кај АЗ Алкмаар (1:1), калчолигашот поведе уште во шестата минута со голот на Мертенс, а на стартот од вториот дел израмнија Холанѓаните преку Мартинс Инди.

Од 58 минута како замена за Руиз во игра кај италијанската екипа влезе македонскиот репрезентативец Елиф Елмас. Во истата група Реал Сосиедад и Риека ги поделија бодовите (2:2), а стрелец на еден од головите за хрватската екипа беше македонскиот репрезентативец Дарко Велковски.

На „наполитанците“ им е потребен само уште еден бод до пласман во следната фаза, во наредната рунда ќе го пречекаат Реал Сосиедад, а дефинитивно нема да им одговара пораз, доколку АЗ Алкмаар слави кај Риека. Моменталната табела во групата „Ф“: Наполи 10 бодови, Реал Сосиедад 8, АЗ Алкмаар 8, Риека 1.

Во групата „А“ Клуж и покрај ремито со ЦСКА Софија (0:0) останува во борба за второто место благодарение на поразот на Јанг Бојс од Рома. Па така, во директна пресметка за нокаут-фаза Романците ќе гостуваат кај Швајцарците. Моменталната табела во групата „А“: Рома 13 бодови, Јанг Бојс 7, Клуж 5, ЦСКА Софија 2.

Во групата „Б“ Арсенал е сигурно прв, Рапид Виена и покрај поразот од 4:1 против „топчиите“ ги одржува шансите за втората позиција. Молде славеше со 3:1 над Дандалк, а на Норвежаните во последната рунда им е доволен и бод против Австријците. Моменталната табела во групата „Б“: Арсенал 15 бодови, Молде 9, Рапид Виена 6, Дандалк 0.

Од групата „Ц“ во 1/16 финалето патуваат Славија Прага и Баер Леверкузен, а од групата „Д“ екипите на Ренџерс и Бенфика.

Во групата „Е“ ПСВ го искористи поразот на ПАОК од Омонија и заедно со Гранада ќе бидат дел од елиминациските борби во натпреварувањето.

ВИДЕО: Динамо слави, рекордерот Адеми асистираше за победа против Феенорд!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот