ВИДЕО: Наполи и Елмас ја декласираа Фиорентина!

epa08702146 Napoli's forward Elif Elmas in action during the Italian Serie A soccer match between SSC Napoli and Genoa CFC at the San Paolo stadium in Naples, Italy, 27 September 2020. EPA-EFE/CESARE ABBATE

Денеска во 18 коло од најсилното италијанско првенство Наполи на домашен терен со резултат 6:0 убедливо славеше против Фиорентина.

Уште во првото полувреме „наполитанците“ ги најавија трите бода, со головите на Инсиње, Деме, Лозано и Зиелински.

Инсиње запиша и втор гол во 72 минута од средбата реализиран од белата точка. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас настапи од 73 минута како замена за Зиелински.

Конечниот епилог го постави Политано (89`) после асистенцијата на Бакајоко. На табелата Наполи е на третата позиција со 34 бодови, зад водечките Милан (40) и Интер (37).

Следниот меч во Серија А играчите на тренерот Џенаро Гатузо ќе го имаат на 24 јануари на гостински терен против Верона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот