ВИДЕО: Наполи и Елмас играа за Марадона, ја „прегазија“ Рома!

Фото: EPA-EFE/CIRO FUSCO

Во специјално дресови со аргентинските бои, „сино-бели“, во чест на починатиот Диего Армандо Марадона вечерва Наполи на домашен терен со убедлив резултат 4:0 ја совлада Рома во деветтото коло на Серија А.

За „наполитанците“ по еднаш во листата на стрелците се запишаа Инсиње, Руиз, Мертенс и Политано. Во 77 минута при позитива од 2:0 во игра кај домаќините настапи и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас како замена за Зиелински.

Само четири минути подоцна нашиот играч имаше убава можност да реализира, неговиот удар го одбрани Миранте, на одбиената топка налета Мертенс на кој не му беше тешко да ја затресе мрежата.

За составот на тренерот Џенаро Гатузо ова е шеста победа сезонава за моментно петта позиција со 17 бодови, колку што има и четвртопласираниот Јувентус, но и шестопласираната Рома. Водечки е Милан со 23 бодови.

Денеска во најсилното италијанско првенство од рундата се одиграа уште четири средби: Каљари-Специја 2:2, Болоња-Кротоне 1:0, Милан-Фиорентина 2:0, Лацио-Удинезе 1:3. За Удинезе во составот не беше нашиот Илија Несторовски кој се опоравува од коронавирусот.

Градоначалникот на Неапол: Официјално, Стадион „Диего Армандо Марадона“!

ВИДЕО: Неапол тагува за својот херој и идол: Муралот на Диего „гори“ во тишина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот