ВИДЕО: Наполи без грешка во Серија А, минутажа за Елмас и против Каљари

Фудбалерите на Лучано Спалети имаат „шест од шест“ во Серија А/Неапол, Италија/26 септември 2021/Фото: EPA-EFE/CESARE ABBATE

Екипата на Наполи игра извонредно од почетокот на сезоната и знае само за победи досега во најсилното италијанско првенство.

Играчите на тренерот Лучано Спалети вечерва на домашен терен против го остварија и шестиот триумф по ред со резултат 2:0, па сега повторно имаат два повеќе од второпласираниот Милан на врвот на табелата.

„Наполитанците“ вечерва беа многу подобар ривал, како што и се очекуваше, а гостите беа речиси безопасни во нападот.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас повторно беше резерва во Наполи, настапи од 69 минута како замена за Зиелински.

Виктор Осимен покажа дека нема да има премногу резултатска неизвесност на овој натпревар, веќе во 11 минута од натпреварот, после асистенцијата на Зиелински, го доведе Наполи во водство од 1:0.

Тој резултат остана до крајот на првото полувреме, а во второто не се чекаше долго на вториот гол. Во 57 минута Годин се обидуваше на секој начин да го запре силниот Осимхен кој влезе во шеснаесетникот, на крајот искусниот дефанзивец на гостите направи прекршок за пенал кој го реализираше Инсиње, а Наполи ја зголеми предноста – 2:0.

Триумфот на Наполи можеше да биде уште поубедлив, пропуштија уште неколку можности до крајот на мечот, на крајот можат да бидат презадоволни од својот настап.

Од друга страна, Каљари и натаму без победа, по шест одиграни кола има само два освоени бода и се наоѓа на претпоследното место на табелата.

Во следното коло Наполи на 3 октомври гостува кај Фиорентина, а Каљари два дена порано ќе биде домаќин на Венеција.

ВИДЕО: Римско дерби за уживање, Мурињо немаше решение за Лацио

Видео на денот