ВИДЕО: Напаѓач бодеше луѓе со нож на метро-станица во Брисел

Фото: Twitter / @jackeparrock

На метро-станицата „Шуман“ во бриселскиот кварт во кој се наоѓаат седиштата на европските институции, вечерва човек вооружен со нож нападнал и повредил неколкумина патници. Еден од ранетите има тешки повреди. На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа како полицајците, но и минувачи, се обидуваат да го совладаат.

Полицијата брзо успеала да го уапси насилникот, а снимен е и моментот кога тој им се предава на полицајците.

Новинар на француската агенција АФП извести дека околу 18 часот неколкумина полицајци во цивилна облека истрчале кон перонот на станицата Шуман, која е оддалечена само неколку десетици метри од зградата на Европската комисија и Европскиот парламент.

Човекот извадил нож додека бил во вагон од метрото, по што почнал да трча низ станицата, обидувајќи се да избоде и расече други патници кои се нашле на местото. Еден млад човек е тешко повреден, а двајца други патници имаат полесни расекотини. На местото пристигнале бројни полицајци и две возила на итната помош.

Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Напаѓачот не бил на списокот за следење на Единицата за координација за анализа на закани, која ги следи терористичките активности во Белгија и не им е познат на надлежните служби, па веројатно може да се исклучи терористички мотив за нападот, пишуваат медиумите, додавајќи дека врз основа на неговото однесување, се шпекулира дека тој имал психолошки проблеми.

Станицата во моментов е затворена по наредба на полицијата, а метрото е во прекин, соопшти бриселското јавно сообраќајно претпријатие СТИБ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот