ВИДЕО: Наместо на врвот, Барса со голем кикс во борбата за титулата!

epa09168368 Granada's Venezuelan striker Darwin Machis (R) celebrates with teammates after scoring his team's first goal (1-1) during the LaLiga postponed match between Barcelona and Granada in Camp Nou stadium, Barcelona, Spain, 29 April 2021. EPA-EFE/Alejandro Garcia

Денеска фудбалерите на Барселона изненадувачки се поразени на домашен терен од Гранада со резултат 2:1 после пресврт во последниот натпревар од 33 коло во „Ла Лига“.

На тој начин играчите на тренерот Роналд Куман пропуштија шанса да избијат на првото место на табелата во најсилното шпанско првенство. Гранада како по традиција повторно ги руши плановите на фаворитите, иако Каталонците водеа од 23 минута со погодокот на Меси.

Барса имаше уште неколку шанси да ја зголеми предноста, но не ги реализираше. Казната стигна во второто полувреме, најпрвин гостите израмнија во 63 минута кога Мингеза направи огромна грешка, а тоа го искористи Мачис.

180 секунди подоцна тренерот на домаќините, Куман доби црвен картон поради приговор кон судиите. Конечниот епилог беше поставен во 79 минута, Марин центрираше од левата страна, а Молина со глава ја затресе мрежата на тер Штеген.

Остануваат уште пет кола до крајот на сезоната, на врвот и натаму е Атлетико Мадрид со 73 бодови, следува Реал Мадрид со 71, колку што има и третопласираната Барселона, а шанси за титулата има и Севиља која е на четвртата позиција (70).

Започнува нова војна помеѓу ПСЖ и Барселона, откриена понудата на „светците“ за Меси

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот