ВИДЕО | Најмоќниот човек во Катар ѝ мавна на заносна бразилска навивачка, реакцијата на неговата сопруга е хит

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Светското првенство во фудбал во Катар навистина се вжешти, а освен случувањата на теренот, големо внимание на социјалните мрежи привлекуваат и оние на трибините.

На интернет се појави симпатично видео од шеикот Хамад бин Калифа Ал Тани како ѝ мавта на бразилска навивачка која во тој момент ја снима ложата, а целиот момент го следела и една од неговите сопруги, Моза бин Насер.

Мози бин Насер не била воодушевена од овој потег на поранешниот емир на Катар, па направила нешто за што зборува цел свет.


Сето ова се случило на натпреварот помеѓу Бразил и Швајцарија, на кој тимот од Јужна Америка успеа да впише нови три бода оставајќи ја Србија во игра за нокаут фазата.


Инаку, шеикот Хамад бин Калифа е еден од најмоќните луѓе во Катар, има три сопруги и 13 деца!

Тој беше емир на Катар од 1995 година, кога со државен удар го замени сопствениот татко, за во 2013 година да му ја препушти функцијата на еден од неговите синови.

За 18 години владеење, Катар стана една од најбогатите земји во светот бидејќи го зголеми производството на гас на 77 милиони тони годишно. Во текот на неговото владеење, приходот по глава на жител изнесувал дури 86.440 долари.

Хамад е член на семејството Ал Тани, катарското кралско семејство. Тој стана емир на Катар во 1995 година, а во 2013 година го наследи неговиот четврти син, Тамим бин Хамад Ал Тани.

Го основал Катарскиот инвестициски фонд и до 2013 година инвестирале околу 100 милијарди долари во различни компании ширум светот, меѓу кои „Сименс“, „Фолксваген“, лондонскиот аеродром „Хитроу“, банката „Берклејс“, стоковната куќа „Хародс“, како и нафтената компанија „Шел“ и во фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен.

Според „Форбс“, неговото богатство изнесува околу 1,2 милијарди долари.

Модна икона и моќна социјална и политичка фигура: Која е Моза бин Насер, сопруга на катарскиот шеик?

 

 

Видео на денот