ВИДЕО: Најмалку 32 лица загинаа во судар на два воза во Египет

Два воза се судрија во јужен Египет, при што загинаа најмалку 32 лица и 64 се повредени, јавија локалните медиуми.

На Твитер објавено е видео на кое се гледаат неколку превртени патнички вагони на местото на несреќата во провинцијата Сохаг, 460 километри јужно од главниот град Каиро.

Повеќе од 30 амбулантни возила се испратени на местото на настанот.

Најтешката железничка несреќа во Египет беше во 2002 година, кога загинаа најмалку 350 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот