ВИДЕО: Најмалку 19 повредени на протестот по повод Денот на жената во Мексико Сити

 Петнаесет полицајци и четворица цивили се повредени за време на демонстрациите на Меѓународниот ден на жената во Мексико Сити, соопшти Министерството за јавна безбедност, додека илјадници жени протестираа против родовото насилство низ целата земја, јави ДПА.

Феминистичките групи вчера излегоа на улиците во Мексико за да побараат запирање на убиствата и злоупотребите врз жени, во земјата во која секој ден се убиваат околу 10 жени, додаде германската агенција.

Демонстрантите носеа фотографии од убиени жени и транспаренти со паролите „Мексико убиец на жени” и „Тие не ме убија, но јас живеам во страв”.

Во Мексико Сити, демонстрантите тргнаа кон Националната палата, седиштето на федералната извршна власт, која претходно беше оградена, како и триесетина историски споменици околу главниот град, пренесува ДПА.

Претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор ја оправда оградата како начин да се избегне насилството за време на протестите, додека феминистичките групи ја опишаа како „ѕид на срамот”.

-Го сакаме животот, сакаме мир, рече Лопез Обрадор, левичарски националист, кој ги обвини конзервативците кои се спротивставуваат на неговата влада за инфилтрирање на маршевите.

Групи активистки урнаа дел од оградите околу Националниот дворец, а полицијата притоа употреби солзавец за да ги растера.

Повеќе од 2.000 невооружени жени полицајки беа распоредени во зачувување на редот за време на демонстрациите.

-Постојат многу начини на мирен протест, вклучително и користењето на вашиот глас, па дури и навредување, но не фрлање бомби, употреба на чекани, не палење на работите, рече претседателот претходно на неговата утринска прес-конференција.

Слични протести вчера беа организирани и во други земји од регионот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот