ВИДЕО: Полицијата во Мјанмар досега уби 33 демонстранти, пламени јазици се шират низ улиците

Безбедносните сили во Мјанмар застрелале најмалку 33 лица од 1. февруари кога почнаа демонстрациите против воената влада. Само денеска се наведува дека се убиени најмалку 18 лица.

Податоците за жртвите се преземени од локалните медиуми и врз основа на информациите на социјалните мрежи, а за повеќето од загинатите се наведуваат лични податоци – име, презиме, година на раѓање, место на престој и време и место на убиството.

“Ужасно е, тоа е масакр. Ниту еден збор не може да ја опише ситуацијата и нашите чувства”, изјави еден младински активист за Ројтерс преку апликација за пораки.

Според податоците од независни извори, кои барале да останат анонимни поради страв од репресии, само во Јангон денеска се убиени 18 демонстранти.

Очевидци тврдат дека безбедносните сили отворале оган речиси без предупредување во неколку градови, а хунтата делува поодлучна од кога било за спречување на протестите.

Во Мјанмар веќе еден месец владее хаос откако армијата изврши државен удар и ги приведе избраната премиерка Аунг Сан Су Ки и бројни други политичари, нејзини сопартијци, за наводна изборна измама во ноември.

Повеќе западни земји воведоа ограничени санкции за воената хунта и го осудија пучот извршен од воената хунта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот