Фото: Принтскрин/Јутјуб

ВИДЕО | Најгрдото животно на светот освои уште една титула: Нов Зеланд ја прогласи рибата-меур за „риба на годината“

Рибата – меур (Psychrolutes marcidus) која претходно беше прогласена за најгрдо животно во светот, сега е избрана за „риба на годината“ на натпревар организиран од еколошка група во Нов Зеланд.

Рибата – меур која се карактеризира со својот желатинест, деформиран изглед, доби признание оваа недела, на годишниот натпревар што го организираше Фондот за зачувување на планините и морињата.

Целта на натпреварот е да се подигне свеста за зачувување на животот во водите на Нов Зеланд.

Овој вид на риба стана познат во 2013 година како маскота на здружението за заштита на грди животни. Живее на морското дно и достигнува должина до 30 сантиметри, а може да се најде во близина на бреговите на Австралија и Тасманија, на длабочина од 600 до 1.200 метри.

Оваа риба е особено интересна бидејќи нема скелет и крлушки, туку меко тело и опуштена кожа.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот