ВИДЕО: Најголемиот успех на Диего Марадона е „наместен“!?

Фото: EPA-EFE/CESARE ABBATE

Прославениот холандски напаѓач Марко ван Бастен изјави дека титулата на Наполи од 1990 година со Диего Армандо Марадона е „наместена“.

Холанѓанецот тогаш го носеше дресот на Милан и очигледно не може со фактот дека Скудетото заврши во рацете на Наполи.

– Луѓето кои управуваа со италијанскиот фудбал во тоа време направија сè за да го направат Наполи шампион. Во тоа време, правилото беше бранителот на титулата и новиот државен првак да можат да играат во тогашниот Куп на шампиони.

Милан беше европски шампион, а некои луѓе од федерацијата направија сè за да нè спречат да ја освоиме титулата, за Италија да има двајца претставници во Купот на шампионите – се зборовите на Ван Бастен.

Поранешниот ас на холандските „лалиња“ особено го истакна дуелот Аталанта – Наполи одигран во Бергамо.

– Чудни работи се случија таа сезона. На Милан, Интер и Верона им се судеше скандалозно, додека судиите константно од коло во коло судеа во корист на Наполи. Поклонета им беше победата во Бергамо против Аталанта која ја добија со службен резултат 0:2. Наполи стана шампион не на теренот, туку во канцелариите – додаде ван Бастен.

Алемао тогаш беше погоден со паричка од 100 лири од трибините. Медицинското лице на Наполи му рече на играчот да продолжи да се преправа дека е повреден и да оди во болница, по што, според тогашните правила, Наполи доби победа од 0:2.

Наполи таа сезона ја заврши на првото место со 51 бод, два повеќе од Милан. Оттогаш (1990 година) „наполитанците“ чекаат на нова титула во Италија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот