ВИДЕО | Најевтин град за одмор во Европа: Пивото чини помалку од 2 евра, а музеите се бесплатни

Фото: Wikimedia Commons/Pxhere

Оваа европска дестинација не е сместена во студени, пасивни подрачја, не е ниту во нашето соседство, но затоа вреди да се посети. И, не само поради убавината и богатото културно наследство, туку и поради тоа што од неа ќе се вратите со полни џебови.

За патници со ограничен буџет

Гранада е најевтината „сити брејк“ дестинација во Европа. Се наоѓа јужно од Шпанија и претставува една од навистина најпристапните дестинации за патниците. Врз основа на истражување што го спровела страницата „Омио“, Гранада се нашла на врвот на листата за патници со ограничен буџет.

Цената е значаен фактор за поголем дел од потенцијалните туристи. Страницата „Омио“ рангирала 100 најпопуларни дестинации за патување во Белгија, Германија, Франција, Италија, Холандија, Австрија, Швајцарија и Шпанија.

Градовите биле рангирани врз основа на бројот на бесплатни атракции, пристапноста на локалниот превоз, цената на храната и пијалаците.

Фото: Wikimedia Commons

Гранада има многу бесплатни активности, поточно 112. Тоа вклучува и посета на 10 бесплатни музеи.

Обиколувањето на градот во просек чини 6 евра, а пивото во поголем дел од баровите не е поскапо од 2 евра, наведува „Euronews“.

Освен тоа, Гранада има 1011 бесплатни Вај-Фај точки и 143 јавни фонтани. Редовната автобуска карта е една од најевтините во Европа и изнесува 1,40 евра.

Тврдината Алхамбра е главната точка во Гранада. Спектакуларната тврдина е изворно изградена како ѕидана цитадела, а потоа станала луксузна резиденција на Насридски емири.

Бисерот на Андалузија

Уште една од најважните историски атракции во Гранада е катедралата, импозантната градежна структура со готска, ренесансна и барокна архитектура чие градење траело повеќе од 180 години.

Гранада неодамна беше поврзана со поголем дел градови во Шпанија со нов брз воз. Патниците можат да тргнат од Мадрид и да стигнат во овој андалузиски град за три часа или четири часа од Севилја.

Фото: Wikimedia Commons

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот