ВИДЕО | Најдоброто принудно слетување на авион во историјата: Во река, среде „бетонска џунгла“ со 0 жртви!

youtube/printscreen
Авион во вода / Фото: Архива

На денешен ден пред 12 години, Ербас А320 на летот 1549 полета од аеродромот „Ла Гардија“ во Њујорк до аеродромот Шарлот Даглас во Шарлот, Северна Каролина.

Две минути по полетувањето (во 15:27 часот по локално време) северо – источно од мостот Џорџ Вашингтон во „Големото јаболко“ на надморска височина од 859 метри, авион на „Ер Ервејс“ се судрил со јато канадски гуски. Двата мотори на авионот откажале и било принудно да слета.

Капетанот Чесли „Сали“ Саленбергер и копилотот Џефри Скилс биле информирани дека не можат да се вратат на аеродромот од кој полетале и дека сите други аеродроми во областа се недостапни. Наместо тоа, тие го слетале авионот на реката Хадсон среде бетонската џунгла – Менхетен.

 

Слетувањето го извеле толку маестрално што немало ниту една жртва. Сите 150 патници и тројца членови на екипажот ја преживеале авионската несреќа, а само неколку од патниците поминале со посериозни повреди. За среќа, авионот го управувал поранешен воен пилот на борбени авиони и врвен експерт за безбедност во авијацијата, кој досега поминал 19.663 часа во воздухот, од кои нешто повеќе од 4.700 часа на Ербас А320.

Железната птица тешка 70 тони, капетанот Сали ја спуштил под совршен агол и со неверојатна прецизност во реката среде еден од најгусто населените градови во светот, поради што приказната беше прогласена за „Чудо на реката Хадсон“. Националниот одбор за безбедност на сообраќајот на САД го прогласи за најдобро принудно слетување во историјата на авијацијата.

Не е ни чудо што во 2016 година беше снимен холивудски филм во режија на Клинт Иствуд и со Том Хенкс во главна улога според автобиографската книга „Највисока должност: Мојата потрага за она што навистина е важно“ (Highest Duty: My Search for What Really Matters)

Погледнете ја симулацијата за полетувањето и слетувањето на Ербас А320 на летот 1549 во видеото на каналот „Smithsonian Channel“ на YouTube.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот