ВИДЕО | Најдобро чуваната тајна во Египет: Сцена од океан среде пустина!

Instagram
Instagram

Египет е земја полна со чуда, па можете да пронајдете вистинска океанска сцена во сред пустина. Малкумина знаат за оваа тајна на фасцинантната африканска земја.

„Кога ќе погледнам во оваа пустина, ќе го видам океанот“, изјавил еден од палеонтолозите од Универзитетот во Мичиген, кој се нашол во Египет и се заљубил во оваа пустина.

На само неколку часа возење од Каиро, во пустинската бесконечност покрај реката Нил, се наоѓа долината на китовите (Вади Хитан).

Пустинската долина и археолошкиот локалитет со стотици фосили од претходни видови китови се единствени во светот – никаде на друго место нема такви наоди во толкава количина и концентрација (па дури ни во толку убава околина).

Фактот дека на некои места може да се најдат дури и фосилни остатоци од храната што ја јаделе, како и други животни како крокодили, ајкули, желки, итн. За тоа колку се добро зачувани сведочи и најголемиот скелет што е откриен е долг 21 метар, пишува Полн Куфер.

Првите фосили биле откриени на почетокот на 20 век, но биле потребни скоро 80 ​​години да предизвикаат поголем интерес кај нив. Истражувањето беше попречено и од недостаток на технолошка опрема.

Конечно, неколку стотици фосили беа пронајдени во 90-тите години на минатиот век, а се претпоставува дека имало уште повеќе порано. За жал, иако областа сè уште не беше заштитена, некои веќе ја искористиле можноста и украле „сувенири“. Можеби станува збор за коски, черепи или цели скелети, а можно е и оние што ги земале да не знаеле ни што точно прават, но да посакале да земат „сувенир“ пустината. Денес, за среќа, тоа е невозможно затоа што просторот е заштитен.

Сепак, ниту чудата не завршуваат тука. Целата долина се наоѓа во подножјето на планините што локалното население го нарекува „Планина на пеколот“ заради специјалниот светлосен ефект што се случува кога сонцето заоѓа зад неа. И покрај тоа, долината  на китовите привлекува само илјада туристи годишно.

Денес, ова место не е една од најпосетените туристичка атракции, но изгледа на египќаните тоа им одговара бидејќи доволно им е од посетителите на пирамидите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот