ВИДЕО: Најдобро би било да ги слушнеме Бугарите од Северна Македонија, вели Слави Трифонов

Слави Трифонов/ Фото: МИА

Во позадината на целиот разговор со С. Македонија, во кој зборуваат секакви политичари, политиколози, новинари од Бугарија и С. Македонија, најдобро е да се слушне што велат Бугарите кои живеат во Северна Македонија, побара преку Фејсбук лидерот на бугарското политичко движење Има таков народ, Слави Трифонов.

Трифонов објави видео на социјалните мрежи од гостувањето на претседателот на македонската партија Граѓанско-демократска унија, Петар Колев во емисија на бугарска телевизија и побара „да се слушнат неговите зборови“.

-Бугарин живее во Штип, оженет е со Бугарка од Добрич, има син и ќерка Бугарка. И како и секој Бугарин во Северна Македонија, тој е пред избор – дали да им каже на своите деца дека се Бугари и дека живеат тешко и непријатно во С. Македонија или да не им каже ништо за да им го олесни животот. Почит господине Колев! Само почит до вас, сподели Трифонов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот