ВИДЕО: Најдобра „трипл-дабл“ вечер во историјата на НБА лигата!

Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

Дури пет играчи доцна синоќа забележаа „трипл-дабл“ учинок, и тоа е прва таква вечер во историјата на НБА лигата. Ваквото достигнување го остварија Харден, Вестбрук, Адетокумпо, Сабонис и Рендл.

Милвоки нешто потешко од очекувањата го совлада ослабениот Вашингтон со 125:119. Бакси беа предводени од грчкиот интернационалец Јанис Адетокумпо со 33 поени, по 11 скока и асистенции.

За Визардси на спротивната страна Расел Вестбрук во отсуство на Бредли Бил запиша 42 поени, 12 асистенции и 10 скока.

Џејмс Харден во триумфот на Хјустон против Бруклин (100:95) реализираше 24 коша, по 10 асистенции и скока, додека Домантас Сабонис до победата на Индијата над Феникс (122:111) постигна 22 поени, 13 скока и 10 асистенции.

Џулијус Рендл само ја продолжи својата феноменална сезона, имаше 26 поени, по 12 скока и асистенции во победата на неговите Никси против Оклахома (119:97).

НБА, резултати –

Оклахома Сити Тандер – Њујорк Никс 97:119
Бруклин Нетс – Детроит Пистонс 100:95
Шарлот Хорнетс – Торонто Репторс 114:104
Вашингтон Визардс – Милвоки Бакс 119:125
Атланта Хокс – Сакраменто Кингс 121:106
Минесота Тимбервулвс – Портланд Трејл Блејзерс 121:15
Денвер Нагетс – Далас Маверикс 103:116
Феникс Санс – Индијана Пејсерс 111:122

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот