ВИДЕО: Надал во „гладијаторска“ борба поразен во Лондон!

Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Австрискиот тенисер Доминик Тим славеше против Рафаел Надал со 2:0 (7:6, 7:6) во второто коло од групната фаза на Завршниот Мастерс во Лондон, после два часа и 27 минути игра.

Првиот сет помина без брејкови и решен во тај-брејк кој му припадна на Тим со резултат 9:7, а од тие 16 поени дури 11 освоија играчи кои примаа сервис. Вториот сет почна на ист начин, без брејкови до 3:3, а потоа Надал му одзеде сервис на Тим и поведе со 4:3.

Но, следуваше експресен рибрејк на Австриецот, кој потоа го освои и наредниот гем, а потоа на сервис на Шпанецот имаше и три врзани меч топки.

Надал успеа да се извлече од опасноста иако беше во негатива од 0:40, направи пресврт и дуелот повторно отиде во тај-брејк. Одново австрискиот натпреварувач беше подобар овојпат со резултат 7:4 за поставување на конечниот епилог.

Овој пораз може скапо да го чини Надал кој во случај на пораз во третото коло од Стефанос Циципас би можел да испадне уште во групната фаза, но пред тоа Гркот вечерва мора да го совлада Андреј Рубљов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот