ВИДЕО: Надал преку Томпсон до четвртфиналето во Париз!

Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Вториот тенисер на светот Рафаел Надал се пласираше во четвртфиналето на АТП турнирот во Париз, го совлада Австралиецот Џордан Томпсон со резултат 2:0 во сетови 6:1, 7:6.

Шпанецот до 1001 триумф во неговата кариера дојде за еден и пол час игра, забележа максимална победа, иако во вториот сет мораше да спасува сет топка на ривалот.

Нареден ривал на Рафа ќе биде сонародникот Пабло Карењо Буста кој беше подобар од Норберт Гомбос со 7:5 и 6:2.

Денеска Шварцман без поголеми проблеми двапати со 6:1 го елиминираше Давидович Фокина, потоа Медведев со пресврт славеше против Де Минаур (5:7, 6:2, 6:2), Раониќ триумфираше над Американецот Гирон со 7:6 и 6:2, а настапот го заврши Чилиќ кој со 3:6, 7:6 и 3:6 беше поразен од францускиот натпреварувач Ембер.

Познати се три четвртфинални двојки на турнирот во францускиот главен град, Надал-Карењо Буст, Шварцман-Медведев, Раониќ-Ембер, а последниот пар ќе се дознае после одигрувањето на осминафиналните пресметки Зверев-Манарино и Вавринка-Рубљов.

ВИДЕО: Рафа ја забележа 1000 победа во кариерата!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот