ВИДЕО: Надал преку шампионот до полуфиналето во Лондон!

Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Шпанскиот тенисер покажа високо ниво на игра и заслужено дојде на два чекори од трофејот на Завршниот мастерс годинава.

Рафаел Надал се пласираше во полуфиналето на АТП турнирот во Лондон совладувајќи го во директна борба шампионот од минатата година Стефанос Циципас од Грција со 2:1 (6:4, 4:6, 6:2).

Гркот ја заврши сезоната со само една освоена титула во Марсеј непосредно пред прекинот на тениските натпреварувања поради пандемијата на коронавирусот.

Надал никогаш не го освоил овој турнир, а групната фаза не ја поминал од 2015 година. За учество во големото финале Рафа ќе ги одмери силите против Русинот Данил Медведев.

В петок ќе се дознае и втората полуфинална пресметка, подобриот од мечот Новак Ѓоковиќ и Александар Зверев ќе игра против Доминик Тим.

ВИДЕО: Рубљов во голем стил ја заврши успешната сезона!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот