ВИДЕО: Надал како во најдобрите денови, се најавува спектакл на „Ролан Гарос“

Рафаел Надал немаше големи проблеми на мечот со Ботик ван де Зандшулп/Париз, Франција/27 мај 2022/Фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Рафаел Надал денеска се пласираше во четвртото коло на „Ролан Гарос“ откако го совлада Ботик ван де Зандшулп од Холандија по сетови 6:3, 6:2 и 6:4 за нешто повеќе од два часа игра.

Холанѓанецот подобро го отвори првиот сет и веднаш направи брејк, но Надал многу брзо се врати во игра, ја презеде контролата и го доби воведниот дел од мечот.

Во вториот сет доминираше Надал, а на ривалот му остави само два гема. А во третиот Надал тргна силно и стигна до 4:1, па наместо рутинска завршница следуваше брејк на Зандшулп за намалување на 4:3.

Имаше неколку проблеми, но шпанскиот тенисер успеа да го добие третиот сет со 6:4 и да го елиминира Ван де Зандшлуп со 3:0.

Во осминафиналето Надал ќе игра против Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим кој го елиминираше Филип Крајиновиќ од Србија со 7:6 (3), 7:6 (2) и 7:5.

Доколку Рафа ја оправда фаворитската улога против Канаѓанецот, а Новак Ѓоковиќ биде подобар од Диего Шварцман, во четвртфиналето ќе има пресметка меѓу Србинот и Шпанецот.

Шампионски ритам на Ѓоковиќ, Бедене не беше достоен ривал на „Ролан Гарос“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот