ВИДЕО: Надал без проблеми против Рубљов во Лондон!

Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал во првото коло од групата „Лондон 2020“ на Завршниот мастерс полесно од очекувањата го совлада Андреј Рубљов од Русија со резултат 2:0 во сетови 6:3 и 6:4 за еден час и 17 минути игра.

Рафа на првиот сервис освои 80 отсто од поените, на вториот одлични 83 отсто (5/6), а на Русинот не му дозволи ни една брејк топка.

Овие двајца тенисери претходно се сретнаа и во четвртфиналето на „УС Опен“ во 2017 година кога Шпанецот исто така беше убедлив со 6:1, 6:2 и 6:2.

Надал во второто коло ќе игра против Доминик Тим кој на стартот беше подобар од ланскиот шампион Стефанос Циципас.

В понеделник (16 ноември) ќе започнат и мечевите од групата „Токио 1970“, првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ ќе ги одмери силите со Диего Шварцман од 15.00 часот, а Данил Медведев за противник го има Александар Зверев (21.00 часот).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот