ВИДЕО | Над 15 мртви во масовните свлечишта во Перу

Перу свлечиште / Фото: Jesus TAPIA / AFP / Profimedia

Во серијата свлечишта во јужниот регион Арекипа во Перу вчера загинаа најмалку 15 лица, додека уште две се водат за исчезнати, а 20 се повредени, според првичните податоци на властите, кои нагласија дека погодени се илјадници луѓе.

„Бројот на луѓе кои ги загубија животите досега изнесува 15“, соопшти националниот институт за цивилна заштита во Арекипа, област која во неделата по поројните дождови ја зафатија одрони од кал и камења.

Министерството за одбрана преку Твитер објави дека испратило хеликоптери, шатори, резервоари за вода, вреќи со песок и персонал за одговор при катастрофи во областа.

Трагедијата се случи среде политичката криза што го парализира Перу во последните два месеци, концентрирана во јужните региони на Андите, по суспензијата на Конгресот, апсењето и притворот на поранешниот претседател Педро Кастиљо на 7 декември. Во масовните мобилизации и немири кои следеа, десетици луѓе беа убиени, а илјадници беа повредени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот