ВИДЕО | Начинот на кој малечкото корги се грижи за свои играчи разнежни многумина

Фото: Reddit- принтскрин

Видео на кое се гледа како кученце скока во кревет со омилените грицки и играчки брзо стана вирално и ги освои срцата на гледачите.

„Таа сака да ги става омилените грицки и играчки на нејзиниот кревет“, гласи насловот на објавата на „Reddit“ која собра повеќе од 42.000 гласови. Во видеото, мало велшко корги трча до неговото креветче со нешто во устата, застанувајќи само за момент пред да скокне и да се свитка за да седне удобно.

Нејзиниот сопственик објасни дека се работи за корги старо 8 недели, а омилени играчки му се папучи, лижавче од јаже, мала мека играчка за џвакање и пластично шише со вода. „Тој е многу нежен со малите деца и поради некоја причина многу ги сака градежните работници. Има изливи на енергија во 5 часот наутро, но спие многу во текот на денот“, рече тој.

Малото куче воодушеви и многу гледачи кои го погледнаа видеото. „О Боже, колку е мила“, „Она што е уште послатко е што развива прекрасна навика што ќе ја има 100% дури и кога е големо куче“, „Ми го разубави денот“, напишаа нивните коментари под видеото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот