ВИДЕО | На ТВ Пинк објавени морничави снимки од убиствата што ги вршела бандата на Беливук

Александар Вучиќ
Фото; Архива

За време на гостувањето на српскиот претседател Александар Вучиќ на ТВ Пинк, прикажана е снимка од убиството на Властимир Милошевиќ на трамвајските шини во улицата 27 март во центарот на Белград за кое е обвинет Вељко Беливук.

-Ја имам видено оваа снимка и претходно. Станува збор за судир на два клана, ова момче е убиено ни криво ни должно, нема врска со сето тоа. Зборуваме за нешто што е увезено во Србија. Станува збор за судир на кавачкиот и шкаљарскиот клан, од едната страна биле Дедовиќ, а од другата целата екипа на Беливук. Овој настан е важен оти претставува прв поголем проблем. Ние не ја ликвидиравме оваа група како што некои правеа во 2000-ти години за да не лажар, рече Вучиќ.

Тој додаде дека човекот е убиен оти не дозволувал дрога да се носи на сплавовите. Вучиќ рече дека приближно во тоа време се започнало со негово прислушување.

– Интересно е што се убиени повеќе лица од една група која била следена. Како се случило тие групи да бидат следени (од БИА) а притоа да нема ниедна снимка од овие убиства? Тие луѓе не биле цвеќе за мирисање, ама никој нема право некого да убива, рече Вучиќ и најави дека ќе се испитува кој од надлежните полициски структури не си ја завршил работата како што треба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот