ВИДЕО: На тајна венчавка се собрале 7.000 луѓе без маски

Хасидската синагога во Бруклин беше домаќин на венчавка на која присуствуваа 7.000 луѓе без маски среде пандемија на коронавирус, објави Њујорк пост.

На снимката е прикажана преполната синагога Сатмар, во која можат да се сместат 7.000 луѓе, а настанот се случил на 8 ноември.

Треба да се спроведе истрага во врска со наводите дека била одржана тајна венчавка на која илјадници гости биле без маски“, рече гувернерот на Њујорк Ендру Куомо,  пренесе АП.

Тој додаде дека ако тоа навистина се случило претставува „огромно кршење на законот“.

„Она што е сторено е незаконско. Исто така, станува збор за непочитување на граѓаните на Њујорк“, додаде тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот