ВИДЕО: На Солскјер не му гине отказ, Вотфорд го понижи Јунајтед

Нов разочарувачки натпревар на Манчестер јунајтед/ фото: EPA-EFE/VICKIE FLORES

Времето на Оле Гунар Солскјер на клупата на Манчестер јунајтед се ближи кон крајот откако „црвените ѓаволи“ денеска го доживеаја четвртиот пораз во последните пет натпревари во Премиер лигата.

Овој пат Јунајтед е декласиран на гостувањето кај Вотфорд со 4:1, а поразот можеше да биде поубедлив доколку на голот не беше Давид де Хеа кој одбрани два пенали (еден беше повторен) и имаше уште неколку одлични интервенции.

Де Хеа во 11 минута одбрани два пенали на домашниот тим (еден беше повторен), за во 28 минута Кинг да го отвори резултати. До крајот на првиот дел, Вотфорд со голот на Сар поведе со 2:0. Надеж за Јунајтед донесе Дони ван де Бек во 50 минута, но поцрвениот картон на Хари Мегваер во 69 минута стана јасно дека „црвените ѓаволи“ немаат шанса за пресврт. На крајот, Јунајтед не само што не се спаси од пораз, туку прими уште два гола од Педро и Денис за убедлив пораз од 4:1.

Солскјер е се поблиску до отказ/ фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Стивен Џерард со победа дебитираше на клупата на Астон Вила. Тимот од Бирмингем со 2:0 го совлада Брајтон и тоа со голови постигнати во финишот од натпреварот. Првиот гол беше дело на Воткинс во 83 минута, а конечниот резултат го постави Мингс во 88 минута.

Резултати:
Лестер – Челси 0:3
Астон Вила – Брајтон 2:0
Барнли – Кристал Палас 3:3
Њукасл – Брентфорд 3:3
Норич – Саутемптон 2:1
Вотфорд – Манчестер јун. 4:1
Вулверхемптон – Вест Хем 1:0

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот