ВИДЕО: На плажа во Њујорк ајкула скокна од водата на само неколку метри од децата

фото: принтскрин инстаграм

Во Њујорк повторно е забележана ајкула во близина на плажата, а на интернет се појави видео на кое се гледа како овој предатор скока од океанот и се превртува во воздухот.

На видеото се гледа како ајкулата излегува од големите бранови, извлекувајќи го речиси целото тело од водата, додека мајка и дете стојат на неколку метри во водата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by RockawayTimes (@rockawaytimes)

Инаку, плажата била затворена во моментот на снимањето на видеото, бидејќи од 3 јули наваму се забележани уште шест ајкули во оваа област.

Тогаш се случи првиот напад – еден од чуварите на плажата бил каснат од ајкула за време на тренинг, но тој оттогаш се опоравил и се вратил на работа.

Двајца пливачи биле нападнати во средата, кога познатиот њујоршки адвокат Шон Донели бил каснат за ногата од ајкула додека бил во чамец со веслање и бил пренесен во болница откако му помогнал локален полицаец. Последниот напад се случи на 16 јули.

Затоа во понеделникот гувернерката на Њујорк Кети Хочул побара од властите да ги засилат патролите, вклучително и да ги стават во употреба дроновите и хеликоптерите за следење на океанот.

„Ќе преземеме акција за да ги прошириме патролите на ајкулите и да ги заштитиме посетителите на плажа од потенцијално опасни ситуации“, изјавила гувернерката Хочул.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот