ВИДЕО: На пазарење со резервни кеси и торби во рака – Граѓаните не даваат 15 денари за еколошки кеси

Пластични ќеси за пазарење 6
Пластични ќеси за пазарење - фото: Драган Митрески - Слободен печат

Денеска започна забраната за продажба на пластични кеси. Маркетите имаат обврска да продаваат исклучиво биоразградливи кеси кои на потрошувачите им ги наплатуваат по 15 денари.

Високата цена на кесите ги натера граѓаните на пазарење на одат со веќе искористени, кои си ги носат од дома.

Од пазарење во КАМ, луѓе излегуваат со кеси брендирани од Веро, Рамстор, Тинекс, и обратно. Некои пак, си носат  платнени торби, Велат 15 денари се премногу  за да се  потрошат за една обична кеса. Има и такви кои не веруваат дека денешните кеси се поразлични од тие што во маркетите се  продаваа вчера.

–   Искрено да ви кажам, мене кесите ми изгледаат исто, не гледам разлика од овие кеси што денеска ги продаваат 15 денари, во споредба со тие што вчера беа денар или два. Висока е цената, но ако мораме, ќе се навикнеме, кој има пари одвишок, ќе си ги купува, кој е поекономичен ќе си носи торби од дома, вели еден од граѓаните кои го сретнавме денеска.

Има и такви кои си направиле залихи на кеси, па ќе имаат одреден период.

– Си купив кеси за пазарење додека беа поевтини. Ќе имам за некое време, потоа ќе си купам торба и како порано, во  шеесетите години, па пазар ќе одам со торба. Се е до навиката, ќе се навикнеме и на ова, вели нашиот сограѓанин.

Сепак, сите се согласуваат дека цената на кесите е премногу висока.

– Ако треба да купам неколку кеси, тоа  ќе ме чини сто денари. Јас месо  не јадам, што значи со тие пари ќе можам два дена да јадам  ручек со зеленчуци, дополнува една од анкетираните.

Инспирирани  од новиот закон за намалување на употребата на пластични кеси, учениците од специјалното основно училиште „Златан Сремец“ изработиле платнени торби, а продажбата од истите ќе биде наменета за  набавка на дидактички материјали за  децата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот