ВИДЕО: На островот Евија гори сè, ветерот ја отежнува работата на пожарникарите

Фото: EPA-EFE/KOSTAS TSIRONIS

Пожарите во Грција и понатаму продолжуваат да се шират на островот Евија, а состојабата се влошува поради силниот ветер кој ги носи пожарите кон селата.

Властите досега со траекти евакуираа повеќе од 2 илјади луѓе.

Претходниве денови во Грција избувнаа голем број на пожари, но тој што гореше во близина на Атина беше ставен под контрола.

Грција се соочува со највисоките температури во изминативе 30 години, а највисоката измерена температура досега изнесуваше 45 степени.

На Евија, големите пожари уништија илјадници хектари земја, а настрадаа многу стамбени и деловни објекти.

Пожарникарите сè уште работат на гаснењето на големиот пожар, а помош за Грција дадоа неколку држави како Франција, Германија и Велика Британија.

Катастрофа во Грција, траекти подготвени за евакуација

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот