ВИДЕО | На натпреварот Белгија – Словачка на ЕП ја видовме новата функција на ВАР

Фото: Screenshot

Вчерашниот ден на Европското првенство ни го донесе и едно големо изненадување, Словачка ја победи фаворизираната Белгија со 0:1, а во овој натпревар ја видовме и новата функција на ВАР технологијата.

Немаше среќа Ромелу Лукаку на оваа средба бидејќи ВАР му поништи два гола. Токму при поништениот втор гол кога Луис Опенда играше со рака во текот на акцијата ја видовме и новата функција на ВАР на ова Европско првенство.

Европското првенство се игра со топка дизајнирана од „Адидас“ која во себе има детектор кој го следи секој допир и податоците се запишуваат во облик на линија, нешто слично како „ЕКГ“. На тој начин беше потврден допирот со рака на фудбалерот на Лајпциг, а гледачите имаа можност тоа да го видат и преку ТВ екраните.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот