фото: принтскрин/twitter.com/RelevantTennis

ВИДЕО: На меч топка го „нокаутираше“ судијата и беше дисквалификуван од турнирот во Шангај

Австралискиот тенисер Марк Полманс е дисквалификуван од турнирот во Шангај, Кина, откако поради бес со топчето го удри судијата во лице.

Ова се случи само неколку моменти откако пропушти меч топка на дуелот со Стефано Наполитано.

Се играше тај-брејкот од вториот сет и Полманс имаше меч топка на 6:5, но промаши прилично лесен удар на мрежа.

Поради пропуштената прилика и нервоза, тенисерот со голема сила го удри топчето кое заврши директно во лицето на на судијата.

Од поен за победа до дисквалификација поради агресивно однесување. Австралиецот се обиде да се извини, но немаше промена на одлуката, бидејќи правилата се многу јасни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот