ВИДЕО | „На мама Викторија сигурно ѝ се допаднал цртежот“: Бруклин Бекам ја покажа тетоважата со ликот на сопругата

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Бруклин Бекам, најстариот син на поранешниот фудбалер Дејвид Бекам и пејачката Викторија Бекам, ја покажа тетоважата од својата сопруга Никола Пелц во емисијата „The Jennifer Hudson Show“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @brooklynpeltzbeckham


Бруклин истетовирал фотографија од својата сопруга Никола на десното рамо и гордо ја покажал среде емисија, соблекувајќи ја маицата. Тоа е само една во низата тетоважи кои Бруклин ги има, а тврди дека нивниот број е помеѓу 80 и 100. Но, на луѓето баш и не им се допаднала тетоважата со лицето на сопругата, за која Бруклин вели дека е последна во низа која ја направил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @brooklynpeltzbeckham

„Има милиони на банкарската сметка, а тетоважата му изгледа како да му ја правел некој во камп-куќичка“, „На мама Викторија сигурно ѝ се допаднал цртежот“, „Малку е неуредна“, „Треба да се затвори тату артистот кој го направил ова“, „Типот има околу 70 тетоважи посветени на таа жена“, гласат дел од коментарите на Твитер.

Некои дури забележале и интересна тетоважа под онаа од Никола.

„Оставете ја тетоважата од Никола, погледнете под неа. Има истетовирано сидро на кое пишува ‘тато’, како Дејвид Бекам да бил член на морнарицата“, се пошегувал еден Твитерџија.

„Првата венчавка беше ноќна мора“: Никола Пелц сака да направи нова свадба со Бруклин Бекам

ВИДЕО | Измисли топла вода: Луѓето го исмејуваат Бруклин Бекам за неговиот „рецепт“ за џин-тоник

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот