ВИДЕО: На Косово запленети 400 килограми кокаин, пратката од Латинска Америка вреди 20 милиони евра

По заедничката акција меѓу властите на Косово, Албанија и Италија, во Липљан беа запленети околу 400 кг кокаин. Генералниот директор на косовската полиција, Самедин Мехмети рече дека се уапсени 7 косовски државјани. Косовските медиуми соопштија дека меѓу уапсените има и вработени од косовската царина.

Тројцата уапсени се од Приштина, еден од Липљан, еден од Гњилане, еден од Пеќ и еден од Обилиќ.

Уапсените лица се приведени до продолжување на другите судски постапки.

Мехмети исто така рече дека се извршени рации на други локации и сега полицијата трага по други лица за кои постои сомневање дека биле вклучени во оваа криминална група.

Државното обвинителство и косовската полиција дадоа детали за акцијата, каде беа одземени околу 400 килограми дрога.

Генералниот директор на косовската полиција, Самедин Мехмети, рече дека на 3 мај добил информација дека сомнителна пратка наменета за Косово е лоцирана во италијанско пристаниште. Тој понатаму рече дека е постигнат договор со италијанските власти истиот товар да го проследат безбедносните институции на оваа земја и на Албанија. Мехмети посочи дека наркотиците биле спакувани во 400 пакувања, и била камуфлирана со слични пакувања како и различни видови месо.

Оваа операција е спроведена во соработка со американската ДЕА, која од почетокот имала информации за споменатиот товар, со поставување на ГПС за да види каде ќе пристигне камионот.

Покрај ДЕА, во операцијата, наводно, учествувала италијанската полиција како земја од која контејнерот транзитирал кон Албанија, албанската, како и косовската полиција, бидејќи е откриено која ќе биде неговата крајна дестинација.

Товарот потоа бил натоварен во камион со косовски регистарски ознаки 01 263 ОД и конечно бил запленет во Липљан.

Косовскиот министер за внатрешни работи Џелал Свечља исто така ѝ честиташе на косовската полиција и на партнерите во операцијата за успешното завршување на задачата.

Свечља потврди дека станува збор за околу 300-400 кг кокаин.

„Косово ќе биде бескомпромисно во борбата против сите криминални активности што ја загрозуваат безбедноста на граѓаните“, рече тој, пренесува Коха.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот