ВИДЕО: На бојното поле се соочија војници на Украина и Северна Кореја
Украинските трупи првпат се судрија со севернокорејските единици неодамна распоредени да и помогнат на Москва во војната со Киев, изјави денеска украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров.
Друг украински функционер изјави дека украинската армија пукала со артилерија врз севернокорејските војници во руската погранична област Курск.
Овие коментари беа првите официјални извештаи дека украинските и севернокорејските сили се судриле.
Украинските и севернокорејските трупи се вклучија во „борби од мали размери“ кои го означија почетокот на директното учество на Пјонгјанг во војната во Украина. Севернокорејските војници беа измешани со руските војници и беа погрешно идентификувани на нивните униформи. Затоа е тешко да се каже дали има жртви од Северна Кореја“, рече Умеров.
First clash between Ukrainian forces and North Korean soldiers, – #RustemUmerov
The defence minister pointed out that this encounter can be seen as the official start of #NorthKorea's involvement in the war against #Ukraine. pic.twitter.com/UrVyWpn5on
— Boris Alexander Beissner (@boris_beissner) November 5, 2024
Посочи дека очекува пет севернокорејски единици, секоја со околу 3.000 војници, да бидат распоредени во регионот Курск.
Андриј Коваленко, шеф на одделение за борба против дезинформации во Советот за безбедност на Украина, рече дека „првите севернокорејски војници веќе се гранатирани во регионот Курск“.
Проценките на американските, јужнокорејските и украинските разузнавачки служби велат дека Пјонгјанг испраќа околу 12.000 севернокорејски војници на фронтот.
Пентагон вчера објави дека најмалку 10.000 севернокорејски војници се наоѓаат во Русија во близина на украинската граница.