ВИДЕО: МЗТ Скопје го „прегази“ Борац во АБА 2 лигата!

Фото: ABA League/Dragana Stjepanovic

Во претпоследниот меч од првиот „балон“ на Златибор, екипата од Аеродром беше убедлива против тимот од Бања Лука од Босна и Херцеговина (99:75).

По Сутјеска и Широки, за кошаркарите на МЗТ Скопје дојде дуелот со екипата на Борац. Дуел во кој „металците“ ги имаа и најдобрите 20 минути за време на првиот турнир од регионалното натпреварување кој се одржува во Србија.

Најефикасен во победничките редови беше Бојиќ со 26 поени (шест скока), следен од Олуџоби со 22 поени (шест скока). На спротивната страна за босанскиот состав доминираше Танасковиќ кој забележа „дабл-дабл“ учинок од 23 поени и 12 скока.

По завршувањето на овој прв турнир, МЗТ Скопје има ефект од три победи и еден пораз моментно на второто место со седум бода, еден помалку зад Студентски Центар од Црна Гора

Вториот македонски претставник, екипата на Работнички пак е на половичен скор, две победи и два порази на осмото место со шест бода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот