ВИДЕО: МЗТ Скопје Аеродром го декласираше Ловќен во АБА2 лигата!

Фото: ABA League/Dragana Stjepanovic

Денеска во „балонот“ во Сараево (Бих) составот на МЗТ Скопје Аеродром убедливо го совлада Ловќен од Црна Гора со резултат 96:55 во АБА2 лигата. За играчите на тренерот Ѓорѓи Кочов ова е шеста победа во девет кола и одржување на приклучок со водечките екипи во регионалното натпреварување.

За шеста победа (96:55) во девет кола, и оддржување на приклучок со водечките екипи во регионалното натпреварување. Така, „металците“ испраќаат порака дека се подготвени да играат во плеј-офот. Секако и повеќе од тоа, да стигнат до финалната серија која носи промоција во повисокиот ранг на натпреварување на Јадранот.

Д. Стојановски беше најефикасен во победничките редови со 15 поени, следен од Крстевски и Гравет кои имаа по 13. А на спротивната страна единствено „двооцифрен“ се истакна Ѓукановиќ со 12 коша.

Во наредниот меч на 7 март (недела) од 16.00 часот, „сино-белите“ ќе ги одмерат силите против Младост од Земун.

Денеска, од 16.00 часот вториот наш претставник Работнички ќе го игра дуелот од ова деветто коло со црногорската Сутјеска од Никшиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот