ВИДЕО: МВР в понеделник да излезе со став за Предлог-законот за државјанство

Пасоши/ Фото EPA/GEORGI LICOVSKI

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски очекува веќе в понеделник МВР да излезе со став во однос на Предлог-законот за државјанство предложен од пратеници во Собранието.

Спасовски на денешната прес-конференција информира дека вчера во МВР го добиле на мислење овој законски предлог, а експертите од оваа област го разгледуваат и ќе дадат мислење во однос на ова законско решение, по што ќе биде упатено до Собранието.

На прашањето до каде е постапката за добивање државјанство на лица кои го немаат и колкав е нивниот број во нашата држава, Спасовски инфоромриа дека се работи на детектирање на сите пропусти и слабости на постојното законско решение и што може да се подобри за да може граѓаните да ги остварат правата на државјанство.

– Имаме одредени проценки во однос на бројот на лица кои немаат државјанство, но тоа не се детални бројки заради тоа што кога ќе се отвори тој процес, ќе имаме пријава на граѓаните кои немаат државјанство во Северна Македонија. Кога ќе биде комплетно во делот на праваната регулатива и потребата од измена на законското решение, во детали ќе образложиме како и на кој начин ќе се измени Законот и за новите моменти што ќе овозможат добивање државјанство на граѓаните, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната прес-конференција на која даде отчет за сработеното во изминатите 100 дена во МВР.

Оној што сака македонско државјанство, ќе треба да обезбеди изјави на кои било три лица што ќе сведочат дека барателот живеел на територијата на Македонија до 8 септември 1991 година или, пак, изјава на само едно лице што во тој период било жител или сѐ уште живее во местото во кое живеел барателот. Ова се дел од измените на Законот за државјанство што се разгледува во Собранието по скратена постапка на предлог на пратениците од Алијанса за Албанците и Алтернатива.

Македонија ќе дели државјанства на „жими мајка“!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот