ВИДЕО: МВР го бараше со 8 потерници, осуденик конечно фатен и вратен во Македонија

Апсење /Фото: Профимедиа

Секторот за меѓународна полициска соработка, при Министерството за внатрешни работи, во соработка со германската полиција, во Хамбург го приведе и преку екстрадициска постапка го донесе во Република Северна Македонија лицето Ѓ.М. за кое се трагаше со осум потерници, соопшти МВР.

Ѓ.М. е осуден на затворска казна со вкупно времетраење од 20 години за извршени тешки кражби и криумчарење мигранти.

Покрај тоа, Министерството за внатрешни работи во рамките на оперативната акција „Бегалец“ превзема интензивни мерки и активности за пронаоѓање и приведување лица, кои се бараат за издржување на затворска казна на територијата на Република Северна Македонија.

Во периодот од 15 септември до 20 октомври на територијата на Република Северна Македонија приведени се над 100 лица за издржување на затворска казна до 10 години и истите се спроведени во казнено поправните институции.

Одделението за потраги при Секторот за меѓународна полициска соработка продолжува со интензивните мерки и активности за пронаоѓање и приведување на лицата кои се бараат со потерници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот