ВИДЕО | МВР ги бара хулиганите со фантомки и качулки: Ако некој го препознае нека се јави на 192

МВР ги бара хулиганите/Фото: Скриншот

МВР апелира до граѓаните, доколку било кој препознае некого од хулиганите, како што е лицето на снимката кое го фрли молотовиот коктел спрема полицијата и објектот на Собранието, може да го пријави тоа на телефонскиот број 192 или во најблиската полициска станица.

-Без разлика дали пријавата е анонимна или не, полициските службеници ќе постапат и, доколку се потврди идентитетот, против насилниците ќе бидат преземени соодветни законски мерки, соопшти МВР.

Министерството апелира до граѓаните да не дозволат да бидат вовлекувани во ничии сценарија, ниту во било какви насилни инциденти, бидејќи ќе бидат преземани најригорозни мерки и нема да се толерира нарушување на мирот и безбедноста.

-Секој дијалог треба да се води во институциите на системот, а македонската полиција е токму гарантот за безбедноста на тие институции, на државата и нејзините граѓани, потенцираат од Министерството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот