ВИДЕО | Муслиу: 20 години немаме попис, а има секакви парадокси во нашиот економски развој, политичарите само лицитираат со бројки

Бидејќи ние сме држава на спротивности, и мислам дека ако некој пратеник излезе на говорница и предложи дали да се приклучиме на НАСА во програмата за свемирски програми ќе имаме спротивставени страни. Добиваме се повеќе и повеќе некреативни политичари и мислам дека никако да ги погодат правите теми со кои треба да се бават. Стануваат статистичари, историчари, стануваат се друго освен политичари кои треба да носат политики со кои би се надминала транзицијата во која се наоѓаме децении, изјави за Утрински брифинг, политичкиот аналитичар Алберт Муслиу.

Во политичкиот спин најбитно е да измешаш неколку тези, сфери во едно купче и да извлекуваш тези од различни работи. Во оваа држава да можеа да граѓаните да се множат по желбите на политичарите ние ќе бевме 100 милиони. Така лицитираат со бројки. Но неоспорен факт е дека овде има институции кои знаат колку точно има граѓани во оваа држава. Можеби не ја знаат нивната верска определба, но го знаат полот, етничка припадност. Сите политичари во парламентот имаат може да имаат пристап и да ги добијат. Оваа операција која треба да се спроведе е повеќе база за да се носат нормални закони и развојни политики, а не етнички пребројувања. Етничкиот состав на државјаните се знаат, а суверенитетот на Уставот извира од државјаните, а не од жителите. Ние низ Македонија сигурно имаме десетици илјади државјани кои се на привремен престој и не влијаат врз прашањата кои на политичарите им годи да ги експлоатираат без одредена цел. Еден е неоспорен факт. Ние 20 години немам попис и затоа имаме случаеви во некои општини да имаме учиилници со 30 ученици, а во други со 10. Имаме фабрики кои не ја знаат структурата на работници, така што има секакви парадокси во нашиот економски развој баш поради недостатокот од вакви податоци, смета Муслиу.

-Кај нас лидерите се собираат за разно-разни работа, па може еден ден МВР или правда да ги собере и во старт да им даде пресек колку државјани има оваа држава, а од друга страна какво население имаме е друго прашање. Ние 10 години слушаме за миграција и одење во странство и сека одеднаш тие работи ги забораваат и ние имаме трајно население. Ако продолжат да се бават со бизарни теми ние на идниот попис ќе имаме пензионери овде и привремено вработени во странство, вели Муслиу и додава дека пописот ќе успее, но и дека ќе се оспорува од опозицијата што според него е погрешно.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот