ВИДЕО: Мурињо прекина прес-конференција за да соопшти тажна вест
Тотенхем викендов го очекува дерби пресметката со Манчестер јунајтед во Премиер лигата, поради што Жозе Мурињо денеска одржа прес-конференција. Но, во еден момент Поругалецот одлучи да ја прекине конференцијата за медиумите, а причина за тоа е тажната вест која ја дозна Мурињо во тие моменти.
Во тие моменти беше објавено дека починал принцот Филип, војводата од Единбург и сопругот на англиската кралица Елизабета.
– Извинете, ќе ви одговорам на прашањето. Жал ми да кажаж дека само што прочитав тажна вест за принцот Филип и би сакал да изразам мое сочуство до кралското семејство и да бидам искрен, имам длабок, длабок, респект за кралското семејство. Мое искрено сочуство – изјави Мурињо на прес-конфренцијата.
Mourinho on Prince Philip (rather lovely) pic.twitter.com/3m5p3CSVJZ
— Stig Abell (@StigAbell) April 9, 2021
Видеото веднаш стана вирално во Англија.
– Нема само оваа држава да дели вакви чувства. Јас, не сум Англичанец, но знам дека постојат многу како мене кои имаат голем респект кој кралското семејство.