ВИДЕО | Мурињо и Рома поразени во римското дерби

Фото: EPA-EFE/RICCARDO ANTIMIANI

Мурињо и Рома немаа успех во „Дерби дела Капитале“ кое му припадна на Лацио кој славеше со 1:0.

Лацио заслужено стигна до победата со оглед дека доминираше во поголем дел од натпреварот, но причина за таквата ситуација беше и црвениот картон на Роџер Ибањез во првото полувреме.

Првиот дел не понуди посериозни возбудувања, додека од почетокот на второто полувреме избраниците на Маурицио Сари како да истрчаа повеќе мотивирани да дојдат до трите бодови. Голот кој го одлучи на натпреварот беше дело на Матија Закањи кој ја затресе мрежата со убав удар по проигрувањето од Фелипе Андерсон.

Се тресеше мрежата на Лацио до крајот на средбата сепак, тој гол беше поништен поради недозволена позиција. Трите бода за Лацио се и тоа како важни во борбата за место во топ четири. Со 52 бода Лацио е второпласиран со два бода повеќе од Интер кој вечерва го игра дербито со Јувентус, Рома е петта со 47 бода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот