ВИДЕО: Мурињо го исполни ветувањето и покажа каков господин е

Мурињо со еден потег на воодушеви фудбалска Италија/ фото: EPA-EFE/ALESSIO MARINI

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо уште еднаш покажа дека е голем шмекер и ја воодушеви фудбалска Италија.

Неговиот тим вчера славеше против Џенова со головите на младиот Феликс Афена Гиан, а Мурињо откри дека му ветил оти ќе му купи скапоцени патики доколку постигне гол.

Младиот 18-годишен фудбалер во финишот од натпреварот влезе во игра и постигна два гола со што стана
првиот играч кој е роден 2003 година да даде два или повеќе голови на натпревар во Серија А.

Младиот фудбалер на социјалните мрежи објави видео на кое се гледа дека Мурињо си го исполни ветувањето.

Видео на денот