ВИДЕО | Мумин: Талентирани боксери има, подготвени се за големи успеси

20 пати сум бил првак на Македонија, три пати освојувач на златен гонг, бронзени медали по европските првенства. Веќе 5 години сум во пензија која ја искористив да отворам академија и да им овозможам на младите да го запознаат овој спорт, изјави во Утрински брифинг боксерот Вели Мумин.

-Сите сегашни боксери беа на камп во Охрид. Од таму одвоив десетина луѓе и меѓу нив е Аземи. Со тој дечко и со уште други двајца мислам дека ќе имаме многу успеси, вели Мумин.

Со пандемијава од Ковид-19 имаме малку проблем и стагнираме додека трае оваа криза.

Тренираме на кеј и избегнуваме затворен простор. За да се стане боксер потребна е храброст. Талентот е 5%, тренингот е 90%. Потребни се медали од првенства за да се стигне до професионален боскер каде што полесно би се дошло до појас, изјави Мумин.

Целиот разговор погледнете го тука:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот