ВИДЕО | Мртва тишина низ Скопје

Полициски час

 Празни се улиците на главниот град. Владее мртва тишина. Од време на време ќе мине некое возило, чиј што возач има дозвола да се движи во полицискиот час кој започна во 20 часот и ќе трае до 5 часот изутрина.

Така ќе биде во следните две недели, по одлуката на Владата на Македонија која има за цел да го намали ширењето на опасниот вирус ковид-19. На главните сообраќајници во Скопје има полициски патроли кои ги проверуваат сите евентуални минувачи и возачи кои имаат одобрение за движење. Граѓаните и овој пат совесно ја почитуваат мерката и се во своите домови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот