ВИДЕО: Мрдна ли судството од „мртва точка“, разговор со новинарот Лука Андреев

Кривичен суд / Фото: МИА

Интересни рочишта се одвиваа оваа недела, но сепак голем дел од нив беа одложени. Оваа недела го чекавме случајот „Трезор“, на 22 март се закажани завршните зборови. Овој месец имаме рочишшта и за „Титаник“. „Друмарина“ е предмет кој се уште е во доказна постапка. Бонева го обвинува вештакот дека не ги измерил како што треба километрите. Тука е и судењето за случајот „Талир“ и за овој предмет рочиштето е одложено за 19 март. Очекувавме оваа недела да имаме интересен епилог, но најверојатно ќе треба да почекаме до крајов на месецов, изјави за Утрински брифинг, новинарот на „Слободен печат“ Лука Андреев.

-Ковид -19 во голема мера го намали интензитетот на судските разврски. На судските рочишта во голема мера се почитуваат сите протоколи. Во периодот кога не се одржуваа рочиштата, оној период од лани, тие беа ставени на stand by, значи застареноста беше решена со уредба на Влада. Предметите беа паузирани и застареноста не можеше да се стави во прашање, вели Андреев.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот